Ова се земјоделци од Тетово.
Излегоа на местото каде што се гради потпорниот ѕид на реката Пена. Токму поради овие градежни активности, земјоделците се во недоумица, да садат оваа пролет или не.
Причината е тоа што со почетокот на работите на потпорниот ѕид престана да тече речната вода што ја користат за наводнување на околу 200 хектари земјиште.
Сега се прашуваат дали до мај ќе се среди каналот за наводнување.
-Има стотици хектари земја што се обработуваат со вода, а не со дожд. Без вода луѓето не можат да одат на работа и да трошат пари да садат и на крајот да не добијат ништо. Народот треба да поддржува земјоделство, а не градежништво, без земјоделство нема градежништво, вели земјоделец.
– Работите што ги гледаме овде веќе го достигнаа својот врв, а потоа ќе се постават темелите. Сакаме ветување од општина Тетово дека или годинава ќе ги засадиме земјиштата или ќе ги оставиме такви какви што се и нема да губиме време и пари, бидејќи инвестициите се вреќа вештачко ѓубриво од 25 килограми што чини 900 денари, изјави, Муртезан Карихмани, земјоделец.
-Дојдовме овде да се информираме што ќе се прави со каналот кој постои со години, а сега со овие работи што се вршат овде гледаме дека нема пристап до земјоделските површини, изјави Шабан Каримани, земјоделец.
-Со поставувањето на ѕидот овде ја запираат водата, го запираат земјоделството, го оштетуваат земјоделството, го запираат лебот, вели друг земјоделец.
Од општина Тетово уверуваат дека каналот за наводнување ќе биде вратен во првобитната состојба.
-Во моментов се работи на санирање на коритото на потпорниот ѕид, на тој простор не е предвиден канал за наводнување, а со добра волја на градоначалникот сигурно ќе се изгради каналот за наводнување како што беше. И од сработеното, јасно е дека откако ќе се санира коритото, ќе се санира и каналот за наводнување, изјави портпаролот на општина Тетово, Албион Алили.
Ова не е првпат земјоделците да протестираат. Лани имаа проблеми и со каналот за наводнување поради оштетувања од градежните работи што се одвиваа на просторот каде што се снабдуваат и земјоделците со вода.
