Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди Египет рано утрово, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки.
Американскиот геолошки завод првично ја процени јачината на 5,3 степени, но подоцна ја коригираше на 5,0.
Земјотресот се случи околу 3 часот наутро по локално време на релативно мала длабочина од 10 километри во близина на градот Фајед, сместен на Суецкиот Канал.
Засега нема извештаи за штети или жртви.
Силните земјотреси се релативно ретки во северноафриканските земји, пренесува ДПА.
