Земјотрес со јачина од 4,8 степени беше регистриран кусо по 15.30 часот по локално време, во близина на грчкиот град Аталанти на околу 150 километри од Атина, а беше почувствуван и во грчката метропола.
Според Геодинамичкиот Институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил 13 километри југозападно од Аталанти.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
