Земјотрес од 7 степени во Мексико: Најмалку еден загинат, погледнете ги снимките од потресот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди подрачјето на Акапулко, во мексиканската сојузна држава Гуереро, извести американската геолошка служба.

Предизвика уривање на неколку објекти, а жителите веднаш се нашле на улиците.

Медиумите јавуваат дека епицентарот бил блиску до познатиот туристички центар во Мексико, и дека еден човек загинал откако бандера паднала врз него.

Потресот се почувствувал и во Мексико Сити, каде се запалиле и сирените за предупредување, а големиот број на граѓани излегоа на улиците.