Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Хиндукуш во Авганистан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денес го погоди регионот на планинскиот венец Хиндукуш во Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 125 километри.

Засега нема информации за евентуални повредени или штети.