Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди Колумбија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Колумбија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри.

Засега нема пријави за повредени лица, ниту информации за причинета материјална штета.

Надлежните служби ја следат состојбата, а дополнителни информации за последиците од земјотресот се очекуваат во текот на денот.