Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Нијас во индонезиската провинција Северна Суматра, соопшти тамошната Агенција за метеорологија, климатологија и геофизика.
Засега нема информации за жртви или материјална штета, пренесува „Синхуа“.
Земјотресот се случил во 13:02 часот по локално време, а епицентарот бил регистриран на околу 147 километри југоисточно од областа Јужен Нијас, на длабочина од 29 километри, соопшти агенцијата.
