Земјотрес со јачина од 6,6 степени е регистриран во близина на Куба, по земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди истата област пред само неколку часа, соопшти германскиот центар за геофизички истражувања (ГФЗ).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, а американскиот Национален центар за предупредување од цунами соопшти дека не се очекува закана од цунами.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.