Умерен земјотрес од 4,4 степени според Европската сеизмичка скала, утрово во 8:10 часот ја потресе Албанија, и западниот дел од Македонија. Земјотресот бил со епицентар во Албанија, на самата граница со Македонија.
Најмногу се почувствувал во Дебар и Ростуша, но и низ целиот западен дел од земјава. Земјотресот со послаб интензитет бил почувствуван и во Скопје и околината.
Претходно на речиси истото место имаше земјотрес со јачина од 3,3 степени, а после земјотресот и со интензитет од 3,6 степени.
