Земјотрес ги вознемири жителите на дебраскиот регион претпладнево во 10 часот и 20 минути. Потресот траел десетина секунди.
Како што информираат алабанските медиуми, епицентарот бил 18 километри југоисточно од албанското рударско гратче Булќиза, кое е на петнаесеттина километри оддалечено од Дебар.
Земјотресот со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, се почувствувал и во Тирана. Нема информации за поголема материјална штета или повредени.
Во септември 2009 година земјотрес со слична јачина го погоди истото подрачје при што беа оштетени голем број куќи, посебно во областа Голо Брдо.
