Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала денеска ја потресе источна Турција, јави агенцијата Анадолија.
Потресот е регистриран во турската област Агри во 08:57 часот по локално време на длабочина од околу седум километри, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Засега нема информации за загинати и повредени.
Турција е меѓу сеизмички најактивните зони во светот, потсетува Анадолија.
Во октомври минатата година, во силен земјотрес кој ја погоди областа Измир, загинаа најмалку 116 лица, а беа повредени повеќе од 1.000 луѓе.
