Земјотрес во Папуа Нова Гвинеја: Најмалку пет лица загинаа, околу 1.000 куќи се уништени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмалку пет лица загинаа, а околу 1.000 куќи се уништени во земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди северниот дел на Папуа Нова Гвинеја, соопштија денеска локалните власти.

Итните служби се на терен и ги проценуваат последиците од земјотресот, а властите стравуваат дека конечниот број на жртви може да биде поголем.

Дрвени куќи во десетици села на брегот на реката Сепик беа загрозени од поплави и пред земјотресот што ги предизвика поројните поплави.

Земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја во неделата наутро.