Земјотресот во Грција регистриран и од сеизмолошката мрежа во Македонија (ФОТО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силниот земјотрес со 5,8 степени според Рихтеровата скала кој се случи ноќеска после полноќ во јужно од Грција, во Средоземното море, бил регистриран и од сеизмолошката мрежа во Македонија.

Најсилно бил почувствуван во охридскиот регион, каде што имал интензитен од три степени.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ, на 21.5.2020 година во 00 часот и 43 минути, локално време, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 760 km јужно од Скопје во Средоземно Море. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML5.8, а беше почувствуван и во нашата држава со интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала.“, велат од Сеизмолошоката опсерваторија.