Зендели: АА би ја зајакнала опозицијата – опозицијата испратила покана за соработка до АА

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на Движењето Беса, Фадиљ Зендели, дел од Европскиот сојуз за промени, во емисијата „10 минути“ извести дека албанската опозиција пред извесно време испратила официјална покана до Алијансата за Албанците за соработка на претстојните избори. Според Зендели, евентуален позитивен одговор од АА ќе го зајакне опозицискиот фронт. Според него, тоа го сака дури и премиерот на Република Косово, во исто време и шефот на Движење Самоопределување, Албин Курти.

„Има барање за да се комуницира и разговара за тоа. Друго прашање е како ќе одлучи АА. Ние не можеме да влијаеме во тоа како ќе одлучи. Дали Алијанса ќе се обедини со нас или не, доколку се обединат се добредојдени, би биле добредојдени како  субјект кој би ја зајакнал опозицијата, доколку одлучат не, тогаш патот продолжува“, вели Фадиљ Зендели.

Сепак, Зендели нагласи дека оваа покана нема да биде до крај отворена и има свои граници за тоа кога треба да се одлучи АА. Но, од АА велат дека за ова прашање треба да се разговара во партиските тела. Таравари потврдува дека за евентуална соработка пред еден месец разговарал со лидерите на опозициските партии.

Арбен Таравари: Пред еден месец имавме средба која траеше еден час, час и половина. Со г. Касами сме во економската развојна зона на Полог, сме имале средби но не сме разговарале за коалиција и за избори.

Н: Дали сте разговарале за евентуална соработка со албанската опозиција?

А.Т.: Не, не. Пред еден месец сме разговарале дали АА евентуално може да стане дел од албанската опозиција.

Н: Значи во Парламент, а не на избори?

А.Т.: За на избори. Во парламент ниту се дебатира. Моментално АА е одлучена до последната секунда кога има минимална веројатност да се случат уставните измени, ниту дебатираме за дестабилизација на Владата.

Инаку, опозицискиот фронт неодамна воспостави соработка во Собранието, каде шест нивни пратеници формираа пратеничка група.