Бројот на заразени од коронавирус на јапонскиот брод „Дајмонд Принцес“ е зголемен за 41 патник.
Со тоа, бројот на заразени се искачи на 61 лице.
Крузерот со 3.700 патници беше ставен во карантин откако вплови во пристаништето Јокохама во понеделникот.
