Желба за враќање во родното огниште – продале се, се иселиле, но како туристи би се вратиле во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ги продале своите куќи и имоти, но ги влечат корените нашите иселеници и како туристи сакаат да дојдат да ја посетат родната земја, вели Претседателот на угостителско-туристичката комора при сојузот на стопански комори на Македонија Аркан Керим кој беше во работна посета на Северна Америка со цел промоција на македонскиот туризам.

Во Детроит на пример раскажува тој мнозинството се од Тетовско. Сите оние коишто своевремено останале без работа од поранешен Југохром помогнати од тамошната заедница се иселиле таму. На сите нив желба им еден ден да се вратат во родното огниште, бидејќи северна Америка е студена и зимно време температурите паѓат и до -60 степени.

-Имавме конкретна средба со коморите на Канада и Америка, имавме и официјална средба со нашите претставништва таму, со врвни авиокомпании, со нашите иселеници кои исто така ќе ни помогнат во промоцијата. Многу од иселениците што живеат таму не биле во родните краишта, па ќе ги натераме да дојдат да ги посетат-вели Аркан Керим.

Најверојатно во септември или октомври угостителско-туристичката комора заедно со партнерите од Турција ќе организираат македонска вечер во Торонто, Чикаго и Њујорк за презентација на туристичките потенцијали. Но, не само на Македонија, туку и на другите балкански земји како пакет.

-Танец е најголемиот културен амбасадор и туристички амбасадор на Макеоднијуа. Имаа одлично претставување на северно-американскиот континент што верувајте ми јас на концертите што присуствував не можев да се воздржам. Нашите иселеници што беа на концертот плачеа-рече Керим.

И не само нашите ,туку и Американците присутни на концертот со восхит го следеле ефективниот и оригинален концерт и се заинтересирале за нашата култура. Иселените во број се преку еден милион кои живеат во Торонто, Детроит Њу Џерси и Чикаго.

Претседателот на угостителско-туристичката комора Аркан Керим вели дека мора да постои иницијатива нешто што недостасува кај македонските туристички агенции. Или како што вели тој не може да се чекаат туристите само да тропнат на врата, треба да се донесат во земјава. Еден од проблемите со кои се соочуваат е работна сила. Со сите поскапувања неопходно е вели зголемување на цените на сместувачките капацитетите во земјава.