Желино три дена без вода – АА: Општината неспособна за менаџирање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците ја обвини општина Желино дека три дена по ред ги остава жителите без вода. Раководителот на огранокот на АА во Желино вели дека ваквата состојба се повторува речиси секој месец и дека тоа ја покажува неспособноста на општината за менаџирање.

„Во моментов четврти ден по ред немаме вода за пиење во Желино, додека на третиот ден јавното претпријатие го најави овој проблем со образложение дека сега откриле дефект кај пумпите за вода. Образложението на општинските власти делува банално и неверојатно. Проблемот не е денес, ниту три дена, туку истиот се повторува секој месец. Имаме многу сомнежи за главните причини за овој проблем, а тие водат до неспособноста за менаџирање на актуелниот градоначалник и неговиот тим, а како резултат на тоа ја втурнаа општината во долгови и ја направија нефункционална во секоја сфера“, вели Денис Алити.

Од водоводното претпријатие во Желино велат дека проблемот се случил викендов и дека приватните компании кои можат да го санираат овој дефект не работеле и поради оваа причина не можеле навреме да го санираат проблемот.

„Се работи за дефект кој настана во главните пумпи на селото каде работевме без прекинна  дефектот а работевме и за време на викендот, проблемот се случи викендов и институциите не работат преку викенд, а тоа се приватни институции кои работат со електроника, бидејќи се појавила пукнатина на цевка и се наполнила со вода и не можеме да констатираме колкав е проблемот и ќе дојдат екипи од Скопје и ќе се реши овој проблем“, вели Суат Алили.

Дел од општина Желино со вода за пиење се снабдува од бунари, а честите дефекти на пумпите се причина жителите да остануваат без вода за пиење.