Жена која уби тројца луѓе со отровни печурки осудена на доживотен затвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ерин Патерсон (50), која ги уби родителите и тетката на својот поранешен сопруг со отровни печурки, е осудена на доживотен затвор, објави денес „Скај њуз“.

На рочиштето за изрекување на пресудата во Врховниот суд на Викторија во Мелбурн, судијата Кристофер Бил рече дека долгорочното планирање на убиствата и недостатокот на каење од страна на Патерсон значат дека нејзината казна треба да биде долга.

Ерин ги покани Дон и Гејл Патерсон, двајцата 70-годишни, и сестрата на Гејл, Хедер Вилкинсон (66), на ручек во нивниот дом во Леонгата, Викторија, Австралија, во јули 2023 година.