Една анонимна жена на „Редит“ напишала дека семејството на нејзиниот партнер после смртта на некој член има бизарен ритуал.
„Семејството на мојот сопруг е од Велс, но не мислам дека станува збор за културолошки обичај, ниту успеав да пронајдам дека некои луѓе го прават истото“, напиша таа.
Имено, семејството на нејзиниот сопруг, на починат член пред да го погребаат му ги вадат забите. По еден заб добива секој жив роднина и секогаш го носи со себе во платнена кесичка, а имаат и список по кој одлучуваат кој од членот на семејството кој заб ќе го добие, во зависност од тоа кој колку е близок со покојниот.
Сите туѓи заби кои покојникот ги добивал во текот на животот, се уфрлаат во неговото безживотно тело.
„Мојот маж се вознемири кога му кажав дека не сакам да учествувам во тој ритуал, и не сакам да чувам заби, но тој и неговите родители очекуваа дека и на мене после смртта ќе ми ги извадат забите и ќе ги поделат на останатите“, рече таа.
Додаде дека сопругот дури размислува и за развод по одбивањето на ритуалот.
