Жена загина по напад од ајкула во Јужноафриканската Република, затворени две плажи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трагичен инцидент на јужниот брег на Јужноафриканската Република заврши со смрт на жена, која била нападната од ајкула додека пливала во морето во близина на градот КуГомпо, во провинцијата Источен Кејп.

Според информациите што ги објави јавниот радиодифузен сервис САБЦ, нападот се случил во вторникот на плажата Ориент. Општината Бафало Сити, чие административно седиште е во КуГомпо, го потврди инцидентот и го оцени како трагичен.

По несреќата, локалните власти донеле одлука за затворање на плажата Ориент, како и на блиската Источна плажа. Забраната за пристап и капење ќе остане во сила до понатамошно известување.

Засега не се соопштени дополнителни детали за околностите во кои се случил нападот.