Жените не се финансиски моќни да се кандидираат: „Со овие листи кандидатите ќе треба да добијат женски имиња“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И покрај апелот на СОЖМ за родова еднаквост при креирањето на кандидатските листи за градоначалници на општините по објавата на листата на СДСМ, Претседателката на Сојузот на жени на Македонија Савка Тодоровска, незадоволна. Ниту партиите, ниту меѓународниот фактор не се заинтересирани за улогата и местото на жената во локалната самоуправа и покрај тоа што за 10% жените се пообразовани од мажите, 50-50% е родовата застапеност и во политиката и во општесвото. Очекуваат поголема застапеност во следната листа која ја најавуваат од СДСМ.

Целосната листа со имиња кои се потврдени е следна:
Арачиново – Миликије Халими;
Бутел – Велимир Смилевски;
Богданци – Благојчо Шапов;
Валандово – Перо Костадинов;
Босилово – Зоран Зимбаков;
Вевчани – Сашо Јанкоски;
Виница – Ивица Димитров;
Градско – Роберт Бешовски;
Делчево – Горан Трајковски;
Демир Капија – Лазар Петров;
 Дојран – Анго Ангов;
Зелениково – Борче Гиевски;
Карабинци – Јордан Насев;
Кисела Вода – Филип Темелковски;
Конче – Благој Илиев;
Крушево – Томе Христоски;
Маврово и Ростуше – Медат Куртовски;
Лозово – Ацо Велковски;
Новаци – Љубе Кузманоски;
Охрид – Константин Георгиевски;
Пехчево – Славчо Пауновски;
Пробиштип – Драган Анастасов;
Петровец – Елизабета Зеленикова;
Ресен – Живко Гошаревски;
Росоман – Стојан Николов;
Старо Нагоричане – Жаклина Јовановска;
Чашка – Горан Стојановски;
Штип – Сашко Николов;
Скопје – Петре Шилегов.

-Ако не се случи тоа, тогаш треба да се помислиме дека овие сите коишто ќе бидат можеби ќе имаат женски имиња-вели Савка Тодоровска.

Премиерот уште по објавата на листата беше дециден дека законот не ги обрзува да има родова застапеност при креирањето на кандидатските листи:

„Родовата застапеност, согласно нашиот Статут, согласно законот, е во советничките места. Овде се бира само еден кандидат. И кога имате еден кандидат не можете тоа да го поделите на ниво на Северна Македонија 50-50, а притоа пак да ги слушате и граѓаните-вели Заев.

-Не мора, но ако ги почитуваат Уставот и законите кои сега се во подготовка за еднаквоста меѓу жените и мажите и ако вистински се пријатели на општетсвото и знаат дека секој граѓанин има еднакви права, а ги имаат капацитетите во своите редови или надвор од нив, тие тоа можат да го направат-рече Тодоровска.

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ: „Еднаква застапеност“ е процентуална застапеност на жените и мажите во сите сфери на општвеносто живеење која не е помала од процентот на застапеноста на тој пол во вкупната популација“.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека не водат дијалог дали треба да бидат вклучени или не жените во политиката, туку како да ги мотивираат да се вклучат.

-Мажите треба да направат повеќе да ги мотивираат жените во домот, на работното место и во политиката да земат активно учество. Во ВМРО-ДПМНЕ во минатото сме покажале дека сме кандидирале жени за многу високи позиции се надевам дека и за локалните избори тоа ќе го докажеме-вели Марија Митева.

Од Алијанса велат поважно од бројките за нив е квалитетот и поставувањето на адекватни кадри кои со нивната работа ќе дадат позитивен пример и ќе бидат поттик за жените да преземат поголема одговорност во јавниот и институционалниот живот.

„Од централните органи имаме препорака до сите ограноци да се обидат на листите да постават кандидати жени и повеќе од 30% колку што предвидува законот и тенденцијата е да биде многу повеќе од тоа“, велат од Алијанса.

Од Интегративците не добивме одговор, неофицијално само Теута Арифи би била жена кандидатака од редовите на ДУИ.
Но, не само поддршка на жените од институциите и семејството, потребна им се и храброст и повеќе пари за да можат да се кандидираат- вели Тодоровска. Објаснува дека и било кажано на средба со еден од лидерите во изминатите години, дека 2 евра по глава на жител му се потребни на еден кандидат за кампања. А знаеме дека жените се уште немаат водечка улога во бизнисот освен што поседуваат некои мали бизниси.