Не престануваат реакцијата откако американските медиуми меѓу кои и „Њујорк Тајмс“ објави дека претседателот Џо Бајден им овозможил на Украинците да можат да користат ракети ATACMS за напад на руска територија.
Меѓу првите земји кои реагираа беше Кина.
„Кина се спротивставува на какви било чекори кои би можеле да доведат до ескалација на украинскиот конфликт и ескалација на тензиите. Позицијата на Кина за украинската криза е конзистентна и јасна. Кина е посветена на унапредување на мировните преговори и се спротивставува на сите чекори кои би можеле да доведат до ескалација на тензиите и ескалација на состојбите во регионот“, е реакцијата од Кина.
Одлуката на администрацијата на Бајден ја коментираше и синот на Доналд Трамп, кој остро го критикуваше овој потег.
„Изгледа дека воено-индустрискиот комплекс сака да се погрижи да започне Третата светска војна пред татко ми да добие шанса да постигне мир и да спасува животи. Тие треба да заштедат трилиони долари. Проклети да сте, безобразни“, рече Доналд Трамп Џуниор.
The Military Industrial Complex seems to want to make sure they get World War 3 going before my father has a chance to create peace and save lives.
— Donald Trump Jr. (@DonaldJTrumpJr) November 17, 2024
Gotta lock in those $Trillions.
Life be damned!!! Imbeciles! https://t.co/ZzfwnhBxRh