Жителите на булеварот „Благоја Тоска“ кај делот наречен „Касарните во Тетово“ се жалат дека поради прашината не можат да ги отворат ниту прозорците на куќите. Велат дека работата што почнала пред месеци е оставена на половина, а апелираат општината и претпријатието што поскоро да ги завршат градежните активности.
„Прашината нѐ гуши, мора да се среди, почнаа но не знаеме кога ќе се заврши, претхходно дадоа рок, но што прават сега е нивна работа. Фирмата почна ги почна работите до тука и ги остави на половина, не знаеме каков договор имаат со општината. Во оваа населба живеам 37 години, оттогаш е ветено, денес-утре, денес-утре, од тогаш почнаа еднаш до пола“.
„Им кажавме дека ако има можност што поскоро да се среди, би било добро, ако не, да го затворат патот горе-долу и народот да оди кај сака“.
Од општина Тетово велат дека компанијата ги одолговлекува работите и дека за ова доставиле опомена. Доколку компанијата не преземе мерки, договорот ќе биде раскинат.
„Почнати се постапките согласно законот и договорот за потребните мерки за доцнењата што се направени за изградба на булеварот „Благоја Тоска“ од касарната до регионалниот пат Тетово-Јажинице, надзорниците утврдиле дека има доцнење на активностите кај „Благоја Тоска“ и врз основа на тоа ќе треба да се преземат мерки, првично на компанијата и е изречена усна опомена, додека сега и е изречена писмена опомена за доцнењето и ативностите не се одвивале според динамиката на работа и секако има период по опомената доколку не преземете нешто, ќе го раскинеме договорот“, вели Бесарта Рамадани.
Но, Азиз Алија од фирмата „Андра“ која ги изведува работите, во писмен одговор ни рече дека имаат одредени правни проблеми со проектот и дека се во контакт со општина Тетово. Ветуваат дека работите ќе завршат штом се решат овие проблеми.
„Работите се изведуваат, но има одредени правни пречки и тие наскоро ќе бидат решени од компанијата. Во контакт сме со општината, штом се решат некои правни прашања, работата ќе биде завршена“, велат од компанијата Андра.
Телевизија 21 дознава дека дел од имотите по кои мора да помине булеварот не се платени и тоа е главната пречка поради која овој булевар не може да биде пуштен во употреба во целост. Градоначалникот во моментот кога почнаа работите рече дека овие прашања се веќе решени. До кога ќе продолжи да биде ваква состојбата во овој булевар останува да видиме. Рокот беше три месеци, кој е надминат уште пред два месеци.
