Жителите на Љуботен на протест: Тврдат дека бизнисмен узурпирал земјиште, општината вели се е законски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Жителите на скопски Љуботен протестираа против, како што тврдат, узурпацијата на парцела во селото, но од општина Бутел негираат и додаваат дека се е направено согласно законите.

Вчера жителите на оваа село, предводени од претседателот на месната заеднца, Реџеп Имери, обвинија дека лицето Неџмедин Фазлиу узурпирал парцела бидејќи како што тврдат со закон не може да се даде земјоделско земјиште под концесија за субјекти кои не се баваат со земјоделска дејност. Реџепи додаде дека споменатото лице конкурирал со компанија за технички центар.

-На шестата точка на членот поврзано со обврските на тој што го зема земјиштето под концесија пишува дека субјектот е обврзан секоја година да испрати извештај за тоа што садел во тоа земјиште, а споменатото лице 10 години не можел ништо да достави бидејќи тоа земјиште од 2013-2022 воопшто не го користел, ниту една секунда. На седмата точка на членот во врска со обврските на тој што го зема земјиштето под концесија пишува дека концесионерот е обврзан секоја 5-та година да достави реализација на бизнис планот за тоа земјиште, и во тој дел тој се уште не може да достави ништо бидејќи не го обработувал земјиштето од 2013 до крајот на 2022, изјави претседателотна локалната заедница, Реџеп Имери.

Но од друга страна градоначалноикот на општина Бутел, Дарко Костовски за ТВ21 рече дека постапката и дозволата за изградба за земјоделскиот објект се дадени согласно Законот, а додаде дека кон лицата кои протестираа се подготвува кривична пријава.

ТВ21 контактираше и со лицето кое жителите го обвинуваат за узурпацијата, Неџмедин Фазлиу, но ни рече дека денеска не може да одговори во врска со овие обвинувања и дека утре ќе излезе на лице место за да ги покаже документите за дозвола на градбата.