Жителите на Огњанци на протест, бараат да престане ископот на песок во нивното село

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден месец багерите се во селото Огњанци. Копаат песок. Револтирани, жителите излегоа на протест и го блокираа главниот пат.
Бараат да престане ископот на песок, бидејќи е во близина на нивните домови.

Претседателот на месната заедница на Огњанци, Трајче Каровски вели дека и патот ќе се уништи од камионите.


„Има еден месец откако почнаа и да возат, меѓутоа улицата е многу слаба“, рече Каровски.


„Се плашиме дека таму може да се удави и некое дете. Имавме еден случај овде во Илинден кога се удави едно петгодишно дете, таму каде што се копа од селото е на само 50 метри, има голема дупка“, истакна Мухамед Бекири, жител на селото.


Жителите велат дека испратиле писмено барање до Министерството за економија, Министерството за животна средина, но до сега не добиле никаков одговор. Истата мака ја имаа и жителите на селото Коњари кои со месеци протестираа се до одлуката за се укине концесијата од компанијата која вршеше ископ на песок кај реката Пчиња.