Жителите на Петриња досега почувствувале повеќе од 750 земјотреси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Областа Петриња е погодена од над 750 земјотреси од крајот на минатата година, односно од 28 декември.

Првиот удар, што беше вовед во разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, се случи еден ден претходно, на 28 декември.

Досега имало 79 посилни со величина поголема од 3 степени според Рихтер, а 13 имале поголема од 4 степени, пренесува ХРТ.

Најголемата штета е предизвикана од четири земјотреси посилни од 5 степени според Рихтер, а според сеизмолозите ќе следуваат уште потреси.

Областа вчера беше погодена од земјотрес со јачина од 4,5 степени, а денес имаше јачина од 3,8 степени.

Постојаните потреси на земјата, а сега и снегот го отежнуваат опоравувањето на областа по разорниот земјотрес на крајот на минатата година.

Досега се пријавени 30.715 различни штети, а до денес се прегледани 14.753 згради во општините и градовите погодени од земјотресот.