Жителите од Лешница одат по кал-Револтирани бараат решение, Дехари ветува асфалтирање на улиците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Улици со кал, со дупки, уништени и неасфалтирани. Со овој феномен секојдневно се соочуваат мештаните од кичевското село Лешница, кои уште во 2017 година поднеле барање за асфалтирање на оваа улица.
Како и многу други села, па така и Лешница мака мачи со бројни проблеми – нема канализација, имаат проблем со отпадот кој се трудат да го менаџираат сами, а како ова да не им е доволна главоболка – тие секојдневно одат по калливи улици. Жителите велат дека најважното и најнужната потреба им е да се асфалтираат улиците, додавајќи дека веќе неколкупати испратиле барање до општината, но, како што тврдат, досега не е преземено ништо.

„Поднесовме барање неколкупати. Со раководството на селото со селаните отидовме 6-7 претставници. Два-три пати ни ветуваа дека ќе дојдат и дека ќе го санираат патот, ни рекоа дека ќе постават бекатон. Требаше во март, односно на почетокот на март требаше да почне, меѓутоа сѐ уште нема никаков резултат да дојде и да ни помогне. Дојде и виде дека улиците се навистина во бедна состојба, но досега не е направено ништо. Само велат ДА, ДА, и останавме само на нивното ДА“ , изјави Фари Селими.

„Бараме и ние да имаме услови, досега не е реализирано ништо, и со наша помош, но не се презема ништо. Бараме, ги даваме нашите гласови, но не се прави ништо. Нема никаква промена. Ништо“, посочи еден жител.


Од општина Кичево, велат дека активностите се одложени поради лошото време, но откако ќе бидат создадени условите, ќе започне асфалтирањето на неколку улици и улички.