Живот меѓу страв и сиромаштија, Сабајдин и Фатуше за Рамазан без месечни примања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

67-годишниот Сабајдин Фазли и неговата сопруга 56 годишната Фатуше Фазли живеат во двособна барака во населбата Синѓелиќ. Иако и двајцата работеле цел живот, сега останале без сигурни месечни примања бидејќи ниту еден од нив не работи.

Бараката во која живеат е цела со влага бидејќи покривот прокиснува, а на многу места поставиле и пластични корита за водата да не ја оштети и таа малку покуќнина што ја поседуваат. Се плашат дека куќата ќе се урне.

Фатуше: Условите се лоши во оваа куќа. Се распаѓа, темелот се распаѓа.
ТВ21: Се плашите дека ќе се сруши врз вам!
Фатуше: Да, стравуваме. И самите гледате дека е закривена наеднатастрана.

Сабајдин претходно работел како келнер, а потоа и како обезбедување, но сега, како што вели, никој не го прима на работа поради возраста и одвреме-навреме работи во приватно како преведувач.

Госпоѓа Фатуше до февруари минатата година работела со договор во амбулантата „Пролет“, но договорот не и бил продолжен. Потоа продолжила да работи 6 месеци без плата, само за да си ја задржи работата, но на крајот сепак морала да си замине. Сега, како што тврди таа, по два-три пати месечно оди да чисти станови. Бидејќи госпоѓата Фатуше работела, немаат право на социјална помош, а сега веќе една година се без редовни примања.

„Имам отидено неколку пати, ме викаа и како преведувач, неколку трговци турци, имаат слушнато дека ги знам сите јазици на бивша Југославија. Но тоа не е решение. Еднаш неделно се случува тоа или на 10 дена. 20-30 евра, тоа не е ништо.“, рече Сабајдин Фазли.

Фатуше: Работев како чистачка кај амбулантата Пролеќе, се беше добро, но во февруари минатат година не ни го продолжија договорот.
ТВ21: Што работите приватно?
Работам како чистачка, кога ме викаат да чистам некој стан, тоа…
ТВ21 : Дали често одите да работите?
Можам да кажам месечно два-три пати.

Иако сега повеќе од кога било им се потребни хумани луѓе кои ќе им подадат рака, тие, како што велат „кој колку може, не сакаме никого да тераме на нешто“, скромно побараа помош од хуманите луѓе.

Сабајдин: Жити Господ не знам што да кажам…
Фатуше: Кој колку може, не можеме да кажеме…
ТВ21: За што имате најмногу потреба?
Фатуше: Засега во лоша ситуација сме бидејќи од никаде немаме приходи, вака останавме. И Рамазан е…потоа доаѓа куќата бидејќи седиме со страв дека ако има земјотрес, куќата ќе се урне врз нас.

Сите хумани луѓе кои сакаат да му подадат рака на ова семејство кое преку емисијата „И јас сум тука“ упати апел за помош, тоа можат да го сторат со директно контактирање на телефонскиот број 075 641 182 или на жиро-сметката што ја гледате на екранот.

ГРАФИКА
САБАЈДИН ФАЗЛИ
200003501631898
СТОПАНСКА БАНКА
ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 075 641 182