Животот во Кина се враќа во нормала, на Балканот заразени нови лица, нови рестриктивни мерки на сила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во кинеските провинзии животот се враќа во нормала.

Во северните делови од Кина, во градот Алтај каде сезоната на скијање е во тек, продолжија со работи зимско-рекреативните центри.

Под строги мерки поради коронавирусот, на минус 16 степени целзиусови скијачките ентузијасти уживаат во снегот.

Во јужните делови продолжи и редовниот сообраќај.

„Ние строго спроведуваме мерки за контрола на епидемии, вклучително и ограничување на патниците до половина од капацитетот на бродот, одржување на вентилација и носење маски за лице во текот на патувањето. Бидејќи повеќето бродови исто така нудат сервис за превртување, ние ги проверуваме сите возила на одборот и ги прегледуваме нив пред да го напуштат пристаништето“, вели Лиу Ксинданг.

И угостителската индустрија се опоравува по Ковид 19.

Повеќе од 70% од продавниците повторно се отворени. Се избегнува близок контакт со муштериите.

„Продавниците за храна има поставено два услови за да продолжат со работа. Првиот е за управување со персоналот. Сите вработени кои се враќаат надвор од Шанкси мора да се самоизолираат во времетраење од 14 дена, а нивните здравствени сертификати мора да бидат валидни. Второ, продавниците мора да постават зони за изолација и имаат соодветни средства за дезинфекција и средства за дезинфекција“, изјави Ксијао Фенг.

Регулаторните органи вршат постојано контрола. Во угостителните објекти се мери температури и се запишуваат информации кој со кој пристигнал во објектот.

„Сите клиенти мора да направат резервации. Ние нидиме само по 10 маси на ден. Масите се дезинфицираат, а приборот за поставува кога гостите ќе пристигнат.“, вели сопственикот на ресторанот.

Стапкана на отворени објекти на државно ниво е сепак ниска, само 30%.

Во Грција заразени се 98 случаи со коронавирус, меѓукои и двајца медиумски работници. Во Бугарија бројката е 7, Албанија 10, БиХ 4, Хрватска 16. Србија голем дел од граничните премини ги затвори, а Словенија прогласи и епидемија. Во Косово нема заразени со коронавирус, ниту пак во Црна Гора каде едно лице беше уапсено поради ширење на лажни вести.