ЖРК Вардар со нов предизвик

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Женскиот ракометан шампион на Македонија ЖРК Вардар во недела го очекува нов предизвик во Лигата на шампионите. По стартниот пораз од Ѓер и победата минатиот викенд со аутсајдерот во групата Хипо за „вардарки“ дуелот со данскиот Митјиланд е вистинскиот предизвик во овој момент во елитното натпреварување.

Според тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ Митјиланд е тим кому не му е важно каде игра.

– Тешко ни беше по порзот од Ѓер, а екипата на Митјиланд добро ја познаваме и затоа не смее да има опуштање во нашите редови. Ова е тим на кому не му е важно каде игра, дома или на гости играат подеднакво исто. Добро за нас е што сите сме здрави, рече кастратовиќ.

За Јан Питлик кој беше на селекторската позиција на данската репрезентација овој дуел ќе биде помеѓу скандинавски стил и балканска филозофија.