Бурата Берт во саботата ја погоди Велика Британија со снег, дожд и силен ветер. Едно лице загина откако дрво падна врз автомобил на југот на Англија. Во сообраќајни несреќи предизвикани од невремето животот го загубија и тројца возачи. Десет лица се спасени од лизгање на земјиштето во Велс, пишува „Дејли Мејл“.
Полицијата со кучиња трагачи се уште пребарува исчезнат во Северен Велс, кој исчезна околу реката Конви во селото Трефриу во саботата. Противпожарната служба веднаш излегла на местото на настанот специјалистички тимови за спасување на вода, каде што им се придружила полицијата, брзата помош и хеликоптер на крајбрежната стража.
Неколку илјади домови останаа без струја, прекинати се воздушните линии и линиите за катамаран. Делови од земјата се целосно отсечени поради поплавените патишта
Во соопштението на социјалната мрежа „Икс“ во саботата навечер, секретарот за енергетика Ед Милибанд рече: „Моите мисли се со сите погодени од бурата Берт.
Метеоролозите предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа – смртоносната бура се уште се развива. Низ земјата се издадени голем број предупредувања за поплави. Делови од земјата би можеле да бидат отсечени поради поплавените патишта, особено во западниот дел на Англија.
Dozens of flood warnings and alerts remain in place as disruption from Storm Bert continues in many parts of the UK.
Oli Constable was in West Yorkshire for #BBCBreakfasthttps://t.co/xm3VxG5SHu pic.twitter.com/SBToNDM64J
— BBC Breakfast (@BBCBreakfast) November 24, 2024