Значително намалување на сообраќајните незгоди – 2020 година е со најниска бројка на жртви во државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, дава резултати. Според Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, има значително намалување на сообраќајните незгоди, а како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата.

„За прв пат мобилната единица во полицијата која што е за сообраќајни контроли функционира според замислата. Значи не делува на територијата како автопатска полиција, туку на територијата на цела држава, во сите градови и тоа дава сериозни резултати. Ако погледнеме статистички, ќе видиме дека од 35 проценти па дури до 70 проценти зависно од прекршоците кои што ги имаме тешки телесни повреди при сообраќајни незгоди, последица смрт, и многу прекршоци кои претходно биле, целиот тој број се намалува“, истакна Оливер Спасовски.

Според Спасовски, најголемиот број на идентификувани прекшоци од страна на МВР, се пречекорување на брзината, возење на нерегистрирано возило и управување на возило без возачка дозвола.

„Тие се најчести, секако дека има и одреден процент кој што се јавува и возење под дејство на алкохол, иако морам да признаам дека после вакви интензивни контроли бројот е сриозно е опаднат во овој дел“, вели Оливер Спасовски.

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Охрид, при што санкционирани се 103 возачи, кои возеле со брзина поголема од дозволената. МВР потесетува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од таму апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.