Знамето на Бугарија запалено во Вевчани – стигна реакција од Захариева

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На последниот ден од Вевчанскиот карневал, традиционално маските се палат, а денеска беше запалено и знамето на Бугарија.

Веднаш реагираше и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

Му наредив на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, пред Владата на РС Македонија да ја изрази нашата силна огорченост за вандалскиот чин во селото Вевчани во РС Македонија, каде според вестите во медиумите беше запалено знамето на Бугарија, изјави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.