Зошто Битиќи не се одзва на поканата на СКСЗМ? – Неофицијално: Не бил планиран за говор, па не се појавил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Каде беше вицепремиерот за економски прашања на вчерашното доделување на наградите на Топ 100 компании во северозападниот регион?

На  манифестацијата иако во  време на пандемија и пренесена во хибридна форма , не беше изоставен гламурот и присуството на  значајни имиња, како од бизнис секторот, така и од политиката и дипломатскиот кор. Но, она што падна во очи на јавноста, беше отсуството на Фатмир Битиќи. Многумина го наметнуваат прашањето, зошто Битиќи не беше во првите редови заедно со неговите колеги. А, таму  еден до друг седнати- Претседателот на собранието Талат Џафери, првиот заменик премиер Артан Груби првиот финансиер Фатмир Бесими и до нив премиерот Зоран Заев. Го немаше Битиќи.

Отсуството на вицепремиерот за економски прашања,  дел од познавачите на состојбите во бизнис секторот го прокоментираа како постоење на несогласувања и раздор меѓу Битиќи и организаторот, во случајот Комората на Северозападна Македонија. Неизбежен дел и денеска се гласините дека Битиќи, не  бил ниту поканет  на манифестацијата. Дали нешто се случува и во какви односи е  Комората на Северозападна Македонија со  Битиќи? Одговорот директно го побаравме од претседателот Неби Хоџа. Тој ги негира ваквите озборувања. Вицепремиерот беше регуларно поканет, дециден Хоџа.

„Не знам зошто, поканети беа сите, но слушнав имал некој настан, нешто кај него. Регуларно беше поканет“, истакна Неби Хоџа.

Според неофицијални информации, Битиќи не присуствувал на овој настан бидејќи не бил предвиден како говорник во официјалниот протокол, туку само Заев и министерот за финансии Бесими. Сепак, првиот човек на комората вели дека гласини имало и ќе има, потенцирајќи дека односите со Битиќи се добри.

„Во какви релации сте со Битиќи? – „Одлични, одлични односи имаме и со него и со целата Влада и со сите министри“. Остварувате соработка? – „Да, да … Дури и минатиот петок нели имаме јавно- приватен дијалог меѓу четирите Комори и Владата и со него имаме секој петок во месецот. Последниот петок во месецот имаме редовен состанок а ние како комора претседаваме во таа платформа. Јас го водев настанот и се беше како што треба и функционираме“, посочи Неби Хоџа.

За целата ситуација, ТВ21 го контактираше и Битиќи. Вицепремиерот вели дека добил покана, но не бил во можност да присуствува на манифестацијата Топ 100 компании, поради неодложни обврски.  

Инаку сегашниот вицепремиер за економски прашања беше извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија во периодот од 2016 до 2018 година. Потоа доби советничка функција  во Владата,  во кабинетот на премиерот за да на крај стане  вицепремиер за економски прашања. Од август 2019 ја извршувал функцијата претседател на Комисијата за финансии во СДСМ.