Зошто сите сакаат да заминат од Македонија?! – „Затоа што законот не функционира, не важи подеднакво за сите“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Какво влијае има Законот за државјанство врз партиите?  – беше тема на која дебатираа пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Аднан Незири и пратеникот од ДУИ, Бедри Фазлиу во синоќешното издание на емисијата „Клик Плус“.

Незири рече дека граѓаните си заминуваат од државата бидејќи законите не функционираат.

„Дали знаете колку граѓани заминуваат во странство, поради тоа што тука се крши законот. Еклатантен случај е кога оние кои го изготвуваат законот, го кршат… Кога тие ќе изготват закон и ќе го прекршат тогаш се губи сигурноста… Кога нема сигурност, граѓанинот и да има приходи нема да ги користи тука, и да е вработен, ќе ја остави работата…“, истакна Аднан Незири.

Пратениците разменија аргументи и околу Пописот на население:

Бедри Фазлиу: Запаметете што ви велам – кога еден проект е антинационален, не само што ќе биде прекинат, туку целосно ќе биде поништен, ова го велам отворено.

-Какви антинационални елементи гледате во Пописот?

Бедри Фазлиу: Нема антинационални елементи. Ние го изгласавме законот и ѝ овозможивме на дијаспората да се попишува од дома.

Незири од Алијанса за Албанците, рече дека претседателот на Собранието не ги прифаќа амандманите кои се доставуваат на албански, туку само оние на македонски јазик.

„Ние до архива ги доставивме на албански јазик, а собранискиот спикер на ДУИ не ги прифати. Ниту еден амандман не е прифатен на албански јазик. Оние што се на македонски се прифаќаат, но на албански не, станува збор за илјадници амандмани. Сите ги изготвивме и на албански, и на македонски“, вели Аднан Незири.

Бедри Фазлиу: Името на државата го имате напишано Република Македонија, а ние сме Република Северна Македонија.
-Сакате да кажете дека така го пишува само ВМРО?
Бедри Фазлиу: Да, или Република С.Македонија.

Инаку, Коалиција АА-ААА е во исчекување на текстот на Законот за државјанство, по договорот кој го постигнаа со премиерот Зоран Заев.