Зошто Црна Гора и Македонија се изложени на напади? Одговара Петровска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Зошто токму Црна Гора и Македонија се изложени на напади?

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 вели дека станува збор за две земји на Балканот и во услови кога на европско тло има војна, очигледно е дека нарачателот има цел да внесе дополнителна несигурност.

„Друго е кога ќе нападнете земја членка на Алијансата на конвенционален начин на војување, се активираат сите оние механизми, но ова е начин на кој што вие ја напаѓате условно земјата преку вакви хибридни дејствувања или сајбер напади и ја тестирате нејзината отпорност и капацитетот на институциите“, вели Петровска.