Страшен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска околу 12,20 часот ја погоди областа Сисак и Петриња. Земјотресот се почувствува низ цела Хрватска, дури и во регионот, и предизвика огромна материјална штета во областа околу епицентарот. За жал, покрај голема материјална штета, земјотресот однесе и неколку животи.
Информативен канал специјализиран за следење на елементарни непогоди ширум светот објави аудио запис за земјотресот.
Аудио-снимката е снимена од сеизмички снимач на 49 километри од епицентарот на земјотресот. Снимката беше забрзана 20 пати, а на неа се слушаат два последователни земјотреси.
