Pочина уште едно дете од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести во Скопје, изнформираше Министерството за здравство.
Станува збор за 13 месечно дете од Свети Николе, кое и предходно имало други здравствени проблеми. Ова е второ дете кое почина од компликации предизвикани од морбили.
Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација.
Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување.
Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење.
