Триесетина ретки и класични автомобили денеска беа изложени на паркингот кај Трговскиот центар во Кочани, во рамки на „ВМ Класик источно рели“, кое претставува завршна етапа од Државното првенство во автомото рели со историски возила.
Посетителите имаа можност одблизу да разгледаат олдтајмери од различни генерации и модели, кои го привлекоа вниманието на љубителите на автомобилската историја.
Настанот е во организација на Олдтајмери клубот „ВМ Класик Скопје“, под покровителство на Националната федерација за историски возила.
Државниот шампионат се одвива низ повеќе регионални етапи, во кои учесниците ги покажуваат своите возачки способности преку натпревари во рели-прецизност и вешто возење со пречки, познати како „ретрокана“.
Со завршната етапа низ источна Македонија, учесниците во релито направија пауза во Кочани, каде што нивните автомобили беа претставени пред јавноста.
