Ахмети се сретна со британската амбасадорка во Македонија Рејчел Галовеј

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети оствари работна средба со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Рејчел Галовеј.

Ахмети и амбасадорката Галовеј на средбата размениле мислења за политичката ситуација во Македонија, но и во регионот, градењето на ДУИ за следните две децении, како и за претседателските избори и изрази благодарност до Велика Британија за поддршката во сите прогресивни процеси во земјата во насока на затворање на споровите со соседите, евроатлантската интеграција и реформите во земјата.

Во врска со претседателските избори, Ахмети зборувал околу концептот на еден прифатлив кандидат за носителите на политичкиот легитимитет делегиран од граѓаните и во согласност со нивните очекувања.