Излезноста во Брвеница до 13 часот 20,50 отсто – гласале 3.331 граѓанин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изборниот процес во Брвеница се одвива со нешто повисока излезност во споредба со првиот круг од редовните локални избори во 2025 година. До 13 часот, на предвремените избори за градоначалник гласале 20,50 отсто од запишаните избирачи, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК).

Според последниот пресек, своето право на глас го оствариле 3.331 граѓанин од вкупно 16.256 запишани во Избирачкиот список. Податоците се однесуваат на пристигнатите информации од 24 избирачки места.

Во споредба со првиот круг на редовните локални избори во 2025 година, излезноста е повисока за 1,48 процентни поени.

Од ДИК информираат и дека до 13 часот биле пристигнати шест приговори поврзани со заштитата на личното избирачко право. Од нив, три биле усвоени, додека останатите три биле одбиени како неосновани.