„Да ја добиеме војната со коронавирусот, па ќе мислиме на избори“, рече Ахмети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека засега не размислуваат кога би бил следниот датум за одржување на закажаните па паузирани предвремени парламентарни избори.

„Да ја добиеме војната сега со коронавирусот, а потоа ќе мислиме за избори“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Инаку Владата донесе одлука по прогласувањето на вонредната состојба за замрзнување на сите започнати активности во врска со закажаните предвремени парламентарни избори за 12-ти април оваа година.

Иако 2020 година е редовен термин за одржување на парламентарни избори, сепак политичките партии на лидерска средба кај претседателот на државата Пендаровски се договорија за термин пред редовниот.