Стоматолошките ординации во периодот на пандемија се обврзани да работат 8 часа, но истите треба да примаат само итни случаи. Но дали станува збор за итен случај или не, ова треба да го одлучат матичните стоматолози. Ова е заклучокот на Стоматолошката комора на Северна Македонија. Додека сите матични стоматолози се обврзани да работат, од друга страна нема да работат одделите за Ортодонтија, Протетика, Орална хирургија, Максилофацијална како и сите дентални технички услуги.
Стоматолозите велат дека ги почитуваат сите мерки на СЗО, како предуслов за заштита на здравјето, но повторно, според нив, работат што ја работат го става нивното здравје во опасност бидејќи мораат да стојат блиску до пациентите.
„Можам да кажам дека е многу опасно да се работи во овој период иако ние се придржуваме до препораките на СЗО и МЗ. Многу е опасно бидејќи ние сме во прва линија кога ги примаме пациентите и преку аеросолите може да се рашири вирусот и затоа можам да кажам дека сме во голема опасност од вирусот“, вели Ваљдет Мифтари.
Најголем проблем е да се одреди итноста на случајот, затоа, сите стоматолози апелираат до граѓаните да не се јавуваат кај матичниот стоматолог доколку немаат големи болки, бидејќи освен што го ризикуваат своето здравје, го ризикуваат и здравјето на медицинскиот кадар.
