Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека во Кичево нема ниту едно позитивно лице на коронавирусот.
Тој додаде дека неколку лица направиле тестирање, но ниту еден не е позитивен, а се надева и дека вака ќе продолжи.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 261, Куманово – 130, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп – 38, Тетово – 29, Струга – 28, Велес – 10, Битола – 8, Охрид – 3, Кавадарци – 3, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 18.
Во изминатото деноноќие направени се 351 теста. Од нив преку ИЈЗ-185, преку Ветеринарен факултет –19, Авицена –22 , Биотек –25 и Фипил Втори (Жан Митрев) –100 . Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.
