Денеска на сила стапија мерките против загадувањето во Струмица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради загадување во текот на два последователни денови, Владата на Република Македонија синоќа информираше дека денеска стапуваат на сила мерките и препораките против загадувањето во Струмица.

„Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 g/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место Струмица.

Од таа причина за градот Струмица денес и утре на сила се препораките и мерките согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година“, соопштија од Владата.