Денеска сончево време, со високи температури за овој период од годината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во нашата земја ќе преовладува претежно сончево време во сите делови. Најладно ќе биде во северозападните делови каде утринските температури беа до -6, додека дневните ќе се искачат до 6 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните краеви, каде температурата ќе се искачи и до 15-тиот степен.

Ќе дува и умерен ветар од северозападен правец.

Утре во земјава се очекува уште потопло време со температури од -2 до 16 степени во југоисточните делови.