Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде што веќе два дена се спроведуваат претреси на повеќе од 40 локации низ земјава.
Според неофицијални информации, Одделот за криминалистичка полиција при МВР, во координација со сите сектори за внатрешни работи и организациската единица за службени кучиња, продолжува со активностите за откривање и сузбивање на криминалот.
При претресите досега биле пронајдени дрога, оружје, пари, мачети и други предмети за кои постојат сомневања дека потекнуваат од кривични дела.
Акцијата е резултат на координираното постапување на организациските единици на Министерството за внатрешни работи и, според информациите, претставува продолжување на активностите насочени кон бескомпромисна борба против криминалот.
