Министерот за надворешни работи Никола Димитров преку статис на социјалната мрежа Фејсбук раскажува за моментите и напордите за организирање на летови за враќање на нашите заглавени државјани во земји низ светот.
Димитров посочува дека ја разбира нервозата и траумата на патниците, но раскажува и за моментите со кои се соочувале при целата работа.
“Во предвечерието и ноќта, 3 кон 4 април, кризниот штаб на МНР доби сигнал од нашите колеги во САД дека американската авиокомпанија Делта ерлајнс не сака да изврши чекирање на наши државјани, па дури и дека две наши девојки беа извадени од летот, со образложение дека по транзитот во Амстердам, Софија, како крајна дестинација, не дозволува транзит на наши државјани.
Тукушто успешно, тимот и колегите во Австралија, Катар и Грција, го имавме завршено ангажманот за да овозможиме прием на наши граѓани во летовите на Катар Ервејс и нивно непречено транзитирање преку Доха и Франкфурт, до Атина и Солун, па до нашиот граничен премин Богородица. Реномираната катарска авиокомпанија едноставно не дозволуваше чекирање на наши државјани, што најчесто, како и во други аеродроми, ги оставаше нашите сонародници на улица и со финансиска штета.
Алармирани беа колегите во Вашингтон, Чикаго, Њујорк, Детроит, но и Амстердам, Софија. Благодарение на можностите кои денес ги дават електронските коминикации, веднаш се пристапи кон истражување на причините за одбивање на Делта, како и изнаоѓање решенија. Знаејќи дека во најава имаме околу 14 наши државјани по аеродромите Атланта, Чикаго, Њујорк, Детроит и Лос Анџелес, мобилизирањето и интервенциите до институциите на САД, авиокомпанијата Делта и аеродромските служби, па и оние во Амстердам, беа интензивни и силни. Имајки предвид дека Бугарија ни овожможува транзит, како и Грција, комуникацијата се прошири и кон нашите бугарски колеги во САД, кои несебично возвратија со поддршка.
По повеќе часовната едногласна, координирана и интензивна активност на нашата дипломатска мрежа, без разлика на временската разлика и “ниедното” време, на 8 наши патници им беше овозможено да влезат во авионите на Делта и да патуваат, додека 6 сонародници мораа да чекаат, односно не успеавме таа вечер.
Но, упорноста во ангажманот и во текот на саботата, овозможи и другите 6, да бидат чекирани и да заминат кон земјата.
Денес продолживме со интервенциите, бидејќи не се’ е завршено, и сеуште има проблеми во обезбедувањето на непречено враќање на нашите државјани од оваа голема држава, со многу аеродроми, САД, во услови на крајно вонредни околности поради пандемијата.
За нас од МНР, ова е уште еден резултат, уште една мала добиена битка, во помагањето на нашите сонародници, затечени низ светот, да се вратат во татковината“, напиша Димитров на Фјесбук.
