Градоначалниците ќе играат фудбал против министрите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во екипата на локалната власт се пријавени градоначалниците на повеќето скопски општини, додека во екипата на централната власт ќе се натпреваруваат министри, советници и други високи функционери.

Турнирот, всушност, се игра на крајот од традиционалниот Турнир во мал фудбал на медиумите, кој годинава се одржува по 26-ти пат (од четврток до недела) во организација на Спортско радио 90,3 ФМ.

Целта на манифестацијата, покрај забавата, е и дружење и промовирање на спортот.

Пред фудбалот на градоначалниците против министрите, во 15:00 часот му претходи уште еден атрактивен натпревар меѓу познати пејачки и новинарки. Истиот ден фудбал ќе играат и спортски легенди, полицајци, училишта, факултети и фудбалските школи.

Влезот за публиката е бесплатен.