Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре, особено попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Повремен локален дожд ќе има и во петок во утринските часови, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.
